Мала семејна фирма во Бугарија произведува ладно цедено масло од чиа

348

chia

Луѓето сè повеќе обрнуваат внимание на тоа со што се хранат и бараат здрави производи. Ова ги натера Маријана Мирчева и брат ѝ Венелин Стојанов, да почнат со производство и трговија на ладно цедени растителни масла. Нивната фирма В и М Продуктион е првата фирма во Бугарија што произведува ладно цедено масло од семето чиа.

“За да се добие еден литар масло од чиа, потребни се 8-10 килограми семе. Затоа овој вид масло е поскап”, велат од компанијата, пишува 24 часа.

При ладно цедење семето треба да е со соодветна влажност. Многу е важна температурата, која постојано се следи. Маслото се таложи на природен начин, се филтрира и е подготвено за полнење во шишиња.

Во фирмата што се наоѓа во градот Русе, се произведуваат 10 видови масла. Од маслата извезуваат во Австрија, масло од тиква извезуваат во Србија, а интерес имаат и од Унгарија. Планираат да набават нови машини, а можно е да започнат со производство на масло од семки од диња.