Микро хотелите во Јапонија се популарни веќе со децении, а сега вакви минијатурни сместувалишта можат да се најдат во Русија, Кина и на некои европски аеродроми.
Во скапите московски хотели, каде цените се девет години по ред највисоки во светот, таканаречените капсули хотели наплатуваат дури 250 долари за еден ден. Постојат и микро хотели со поевтин аранжман чија цена се движи од 85 долари за ноќ, но има и такви, во одредени делови на Азија, каде ноќевање е само 7 долари.
Некои од собите се доволно големи да соберат еден човек, но многу од нив се опремени и со сето она што ќе го најдете и во останатите хотели, телевизори, WiFi интернет и импровизирани масички и гардеробери.
Во некои од микро хотелите има и вакви заеднички бањи.
Некаде можат да се најдат и соби за дневен престој или lounge areas, како подолу на сликата.
Вака излгедаат микро хотелите во Јапонија однадвор.