Мали трикови за голема продуктивност

86

produktivnost

Фото: Pixabay

Модерното време и брзото темпо на живот бараат од нас да направиме многу за кратко време. Токму затоа едно од прашањата на кое треба ефикасно да одговориме е – Како да ја зголемиме продуктивноста?

Во продолжение се неколку такви одговори.

Организирајте ги вашите приоритети според важноста и согласно со тоа распределете го времето.

На пример неделни таргети, годишни планови и цели на долги патеки.

Бидете сигурни што сакате да постигнете и направете план за тоа.

Доколку сигурно знаете што е вашата крајна цел, многу полесно ќе скроите план за нејзино постигнување и ќе заштедите време.

Игнорирајте ги мејловите и барањата што ви стигнуваат секојдневно (освен оние најважните).

Не губете многу време со нешто сосема тривијално. Обрнете внимание само колку што е потребно.

Не мора секој час да биде испланиран

Секогаш може да се случи нешто непредвидливо, затоа распоредот треба да биде флексибилен.

Состаноците треба да бидат резервирани за запознавања и сериозни дискусии

Состаноците одземаат третина од работниот ден, а за оние на повисоки функции тој процент е многу поголем.

Поставете си повеќе рокови, така ќе го избегнете одложувањето.

Што повеќе рокови, па макар биле и за еден проект/задача.

Кога нешто читате започнете со заклучокот

Заклучокот ќе ви каже која е целта на авторот, па така ќе можете и вие да се насочите кон тоа што е потребно.

Користете кратки реченици и лекториран текст

Ако пишувате долг и сложен документ, направете кратко резиме за да читателот може да ја види “големата слика”.

Распределете ги вашите цели во кариерата по временска линија

Направете го тоа во три категории

Таргети (на неколку дена, или неделни), цели на кратки патеки (од три месеци до две години), долгорочни цели (пет или повеќе години).