Мало влошување на расположението на американските потрошувачи на почетокот на август

19

Индексот на расположението на потрошувачите на Универзитетот во Мичиген падна на 71,2 во однос на последното читање во јули од 71,6 на почетокот на август, но останува многу повисок од истиот период минатата година.

Според истражувањето на The Wall Street Journal, аналитичарите очекуваа пораст на индексот на 71,7 поени, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.

Индексот, кој го мери расположението на потрошувачите во однос на моменталната економска ситуација, напредуваше од 76,6 поени во јули на 77,4 поени, што ги надмина очекувањата. Сепак, индексот на очекувањата за следните шест месеци падна од 68,3 на 67,3 поени.

Инфлациските очекувања на потрошувачите за оваа година паднаа од 3,4 отсто во јуни на 3,3 отсто.