Малопродажбата “вакцинирана“ против коронавирусот

26

Трговците на мало за оваа година очекуваат раст на продажбата меѓу 6,5 и 8,2% или повеќе од 4.300 милијарди долари, откако американската економија почна да ги ублажува рестриктивните мерки поради пандемијата, а во исто време расте бројот на вакцинирани против коронавирусот, сметаат од Националната трговска федерација на САД.

Прелиминарните податоци покажуваат дека малопродажбата има скок од 6,7% и 4.000 милијарди приходи и покрај здравствените и економските предизвици што ги остави пандемијата.

Расте бројот на Американци кои купуваат преку интернет и користат различни апликации за таа намена. Сепак, од овие бројки се исклучени продавачите на автомобили, бензински пумпи и ресторани.

За оваа година се проектира раст на онлајн продажбата меѓу 18 и 23%, што значи и приходи од над 1.100 милијарди долари.

Фото: Pexels