MAMA’S Baby корнишони – ново крцкаво задоволство

330

mama's kornisoni

Компанијата MAMA’S ги изненадува љубителите на автентичната македонска кујна со уште еден производ – MAMA’S Baby корнишони.

“Овој производ е најновото од MAMA’S креативната кујна со којшто продолжуваме да го претставуваме магичниот македонски вкус на светскиот пазар. Традиционално приготвените baby корнишони се домашно одгледувани, рачно берени од нашите земјоделци од MAMA’S оранжерии коишто ги имаме во околината на Струмица и рачно пакувани во теглите“, изјави Калин Бабушку, бренд менаџер за MAMA’S.

MAMA’S Baby корнишоните се направени без конзерванси, адитиви и вештачки бои. MAMA’S користи строго контролиран процес на одгледување, обезбедувајќи корнишони со супериорен квалитет. Овој метод обезбедува висока заштита на корнишоните од сите временски прилики и физичко оштетување, а ризикот за болест на растението е намален на минимум.