MAMA’S добитник на награда на столетието за развој на идеи, иновации и инвестиции во регионот

23

mamas1

Брендот МАМА’С е добитник на меѓународната награда Креатори на столетието за развој на идеи, иновации и инвестиции во бизнисот.

Во конкуренција за годинешната награда Креатори за столетиeтo учествуваa 214 кандидати од од девет земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Косово, Македонија, Германија, Словенија и Србија). За доделувањето на наградата одлучуваше меѓународен комитет од 12 членови, составен од независни експерти од областа на економијата, менаџментот, маркетингот и претприемништвото од пет земји: Хрватска, Словенија, Србија, БиХ и Македонија.

mamas2

„Како бренд кој ја претставува македонската, но и балканската кујна, наградата за Креатори на столетието која МАМА’С ја доби е само дополнителна потврда дека сме на прав пат со развојот на иновативните идеи и инвестиции во регионот. Сепак, да добиете награда каде се номинирани и други брендови од 10 земји, не само што е големо задоволство, туку и голема обврска за нас дека она што до сега сме го направиле е супер, но и поттик да бидеме подобри. Оваа награда доаѓа како дополнување на бројот на конзументи кој од година во година расте, но и бројот на земји каде производите на МАМА’С брендот може да се најдат”, истакна Калин Бабушку, бренд менаџер на МАМА’С.

Престижната награда која ја добиваат најзаслужните за развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа беше доделена во рамките на самитот на претприемачите од регионот – 300 Најдобри, што се одржа во Дубровник, Република Хрватска. Самитот на едно место ги собра најистакнатите бизнис лидери, претставниците на деловните здруженија, на граѓанскиот сектор, академската заедница и на државните институции во регионот, со цел да ги трасираат идните патишта и перспективи за економскиот и општествениот развој на Централна и Југоисточна Европа.