MAMA’S на најголемиот светски саем за деликатесни производи Ануга

22

mamasajvar

Прехранбениот бренд MAMA’S рамо до рамо со сите светски брендови за деликатесни и гурмански производи ќе се претстави на овогодишниот саем Ануга, соопштуваат од компанијата.

Овој најголем и најпознат саем на храна ќе се одржи од 10-ти до 14-ти октомври во Келн, Германија. Трендовите во прехранбената индустрија кои ќе бидат презентирани на овој саем се трендовите кои ќе ја одбележат следната година.

MAMA’S на почетокот на септември имаше свој штанд на Specialty & Fine Food Fair 2015 во Лондон.

MAMA’S производите направени според традиционални рецепти ќе можат да се најдат и на јапонскиот пазар.

“Нашиот партнер на овој нетрадиционален пазар ги запознава Јапонците за прв пат со Aibaru и различните начини како да се конзумира. Тие беа дел од месечниот саем за здрава храна во Шига, Јапонија и ги претставија MAMA’S производите“, се вели во соопштението на компанијата.