Мама’с на Вегефест

40

Како и минатите години, така и оваа година, Мама’с ќе биде дел од Вегефест 2014 кој ќе се оддржи на 15 и 16 ноември во Сити Мол. Во овие два дена, од 12 до 20 часот, Мама’с ќе ја презентира својата колекција на производи кои се со автентичен и широко препознатлив вкус, направени според традиционални рецепти и во себе не содржат конзерванси, адитиви и вештачки бои. Состојките со кои се направени Мама’с се висококвалитетни и собирани од специјално одбрани области во Македонија.

Со Вегефест не само што покажуваме колку почвата ни дава превкусна и здрава храна во изобилие, туку пренесуваме и порака дека е можен поинаков свет, свет што нема да се темели на суровост и безумно насилство врз животните. Тоа е свет онаков каков што го посакуваме сите, за доброто на сите. Мама’с производите се создадени од свеж зеленчук и затоа се погодни за вегани, вегетаријанци, но и сите љубители на убава и здрава храна.

Мама’с ги повикува сите да дојдат на Вегефест и да го посетат нашиот штанд, а во исто време во Carrefour ќе има акција на нашите производи (со купени 2 продукта на Мама’с (било кој вкус) ајвар од 350 гр. добивате гратис Мама’с слатко од диви смокви со ореви).