Manta5: Електричен хидро – велосипед

93

v2_hero_bike

Фото: Manta5

Гај Хауард Вилс, претприемач од Нов Зеланд, уште во 2010 година го осмисли концептот за Manta5 електричен велосипед што се движи по вода, пишува New Atlas. Во годините што следуваа, дизајнерот на велосипеди Роланд Алонсо го претвори концептот во реалност електричен хидро – велосипед со педали.

Manta5 има алуминиумска рамка, два модули од јаглеродни влакна, коишто овозможуваат истиот да стои подигнат над водата и мотор од 400 вати што ја зголемува моќност на педалите за да го придвижат пропелерот. Има модули за задржување што го одржуваат на вода и кога не се користи. Тежи околу 20 килограми и може делумно да се расклопи за транспорт со автомобил.

Дизајниран е за возачи кои тежат помеѓу 70 и 100 килограми и може да се користи во слатка и солена вода. Моменталниот прототип може да се движи еден час со едно полнење и достигнува брзина од 15 до 20 километри на час.

Планирано е првиот модел што ќе се произведе, XE-1 кон средината на ноември да биде претставен пред јавноста. Се очекува да биде достапен во претпродажба во Нов Зеланд кон крајот на годинава или почетокот на 2018 година. Цената сè уште не е одредена.