МАПАС од утре со активности по повод 15 септември – Ден за пензиската свесност

19

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 септември, започнува низа активности, чија цел е едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ.

МАПАС преку различни активности сака да ја подигне свеста, особено кај младата популација, за потребата од навремено вклучување во тростолбниот пензиски систем и соодветно информирање на сите граѓани за најновите промени во регулативата што се однесува на капитално финансираното пензиско осигурување и следење на својата пензиска заштеда.

Покрај тоа, МАПАС се фокусира и на зголемување на интересот за информирање за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за начините за добивање на навремени и релевантни информации за различните аспекти на членувањето во вториот и третиот пензиски столб.

Фото: Pixabay