Марфи: Предложените буџетски реформи на ЕУ би го отежнале контролирањето на трошењето

Претседателот на Европскиот суд на ревизори (ECA), Тони Марфи, денес изјави дека поголемата флексибилност на долгорочниот буџет на ЕУ би можела да го отежни контролирањето на трошењето на средствата и да овозможи коруптивни активности.

Според него, доколку се усвои планот на Комисијата за ревизија, работата на оние кои се задолжени за контрола на трошењето на јавните пари ќе биде отежната, објави бриселскиот „Политико“.

„Обидот на Европската комисија да ги направи милијардите евра од ЕУ поприлагодливи за непознати кризи во иднина би можел истовремено да ги направи поподложни на злоупотреба“, предупреди главниот ревизор за трошење на ЕУ.