Текстилниот кластер на Годишно собрание во Штип повторно ја реизбра Маријана Перковска за претседател на асоцијацијата.
Перковска нагласи дека и понатаму главен проблем на текстилната индустрија останува недостигот на работната сила, која перманентно се бара во оваа индустрија. Таа смета дека текстилните компании мора да работат на подобрување на угледот, бидејќи тие се индустрија која, како што рече, вработува и секој месец се исплаќаат лични доходи на околу 40.000 лица.
“Ова не е проблем само во текстилната индустрија воопшто недостаток на работници во производство има насекаде во целата Република и тоа е проблем кој што не може ниту една индустрија сама за себе да го реши”, вели Перковска.
Текстилните компании ќе бараат преговори со синдикатот и со владата бројот на работни часови да не се пресметува на неделно, туку на годишно ниво, бидејќи се повеќе имаат помали и брзи налози, а оваа индустрија своето производство веќе не може да го планира ниту за три или четири месеци.
Перковска вели дека минималната плата, која од април треба да ја исплаќаат на работниците како договор ќе го почитуваат, како номинална вредност е ниска, но од друга страна на сопствениците нема да им дозволи да изводојуваат доволно средства за наградување на добрите работници. Таа смета дека имаат право да преговараат и власта да им ги слушне барањата, бидејќи вработуваат околу 40.000 лица, а обезбедуваат околу 100 милиони евра на име на даноци.