Марк Бениоф избран за директор на годината

81

Оваа година беше благо речено предизвикувачка за корпоративна Америка. Сепак, некои компании и нивните лидери напредуваа во тие тешки моменти.

Salesforce имаше извонредна година. Станува збор за американска софтверска компанија, која неодамна ја купи популарната апликација Slack, за скоро 28 милијарди долари.

Акциите на овој гигант пораснаа 40% само во 2020 година, а во меѓувреме, Salesforce е шампион во областа на социјалните цели, како што се родовата / расна еднаквост,  им помага на бездомниците, работниците и бизнисите коишто се бореа со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19.

CNN Business го избра лидерот на компанијата, Марк Бениоф, за директор на годината. Така им се придружи на претходните победници, Брајан Корнел (Target Corporation) и Брајан Никол (Chipotle Mexican Grill).

Во 2020 година, конкуренцијата не беше слаба. Бениоф ги победи ривалите како Лиза Су (AMD), Ерик Хуан (Zoom) и Алберт Бурла (Pfizer). Бениоф за CNN изјави дека оваа година е исполнета со настани и дека неверојатен момент во тоа е приклучување на компанијата кон индексот на Dow Jones.

Гигантот за софтвер е основан во 1999 година, а Марк Бениоф (нето вредност од девет милијарди долари) вели дека најмногу се гордее на фактот што Salesforce стана една од најголемите технолошки компании во светот.

Фото: Facebook