Маркетинг правила што мора да ги знаете

43

strategija

Фото: Pexels

Дигитализацијата донесе нови трендови во маркетингот, па за да бидете иновативни и конкурентни на пазарот, неопходно е добро да ги познавате новите правила и да ги совладате вештините на онлајн работење.

Маркетингот во иднина ќе се развива на драматичен начин, бидејќи интернетот веќе менува сè. Но без оглед на тоа што ќе се случува, постојат правила во маркетингот што никогаш нема да се сменат, бидејќи се цврсто втемелени во психологијата на потрошувачот. Овие правила имаат импликација врз бизнис стратегијата, развојот, а особено врз растот на производот, пишува Еntrepreneur.

Да бидеш прв вреди повеќе од тоа да бидеш подобар

Кога компанијата е прва во сосема нова категорија, поголеми се шансите да оствари поголем впечаток од компанија која подоцна би пласирала сличен производ.

Ако не можеш да бидеш прв, креирај нов производ

Скоро во секоја нова категорија постои компанија којашто е прва и исто така постојат и безброј имитатори. Тогаш се наметнува прашањето како да успеете ако не сте прв или втор во одредена област? Успехот следи доколку осмислите нова област. Тоа не мора да биде револуционерен производ, но неопходно е да биде поинаков, единствен, оригинален. Треба да понудите нешто што другите го немаат.

Перцепцијата е поважна од производот

Потрошувачите најчесто им веруваат на производителите кои се подолго на пазарот. Доколку не сте прв производител во својата област, треба да вложите многу време и труд за да го докажете квалитетот. За да успеете во бизнисот, мора да го разберете “законот“ за перцепција и да го искористите во своја корист.

Употреба на збор или фраза побудува емоции кај луѓето

Успешните компании при рекламирањето користат ист збор или фраза кои потрошувачите инстинктивно ќе ги поврзат со нивниот бренд.