MarkO со нова продукциска верзија на Google Play Store

57

markO

MarkO, локацискиот потсетник кој помни за вас, излезе со нова верзија на Google Play Store. По лансирањето на својата прва продукциска верзија пред четири месеци, тимот на MarkO во новата верзија додаде многу промени и функционалности на апликацијата, со цел да овозможи подобро корисничко искуство.

Новата продукциска верзија вклучува: Комплетно редизајниран и поедноставен процес на најавување во апликацијата – Сега корисниците ќе имаат можност да се најават со својот Facebook или MarkO профил, како и можност за креирање на задачи без најава, сè до моментот кога корисниците ќе сакаат да ја споделат истата. Редизајн на процесот на споделување на задачите – Можност за споделување на задачите преку популарните чет – апликации како: Facebook Messenger, WhatsApp, Viber, Skype, Slack, BBM, Line, Kakao Talk, итн.. Временски потсетници – Можност за поставување на точното време кога корисниците ќе сакаат да бидат потсетени. Доколку корисникот има поставено временски базиран потсетник, во картичката на задача ќе се појави икона со часовник. Иконата има три бои (црвена, жолта и зелена) во зависност од тоа колку време му преостанува на корисникот за да ја комплетира задачата. Со оваа функционалност, MarkO им овозможува на корисниците истовремено поставување на два различни типа на потсетници за една задача: локациски потсетници и временски потсетници. Проширување на кругот на пријатели – Во новата верзија, доколку корисниците се најават во MarkO со својот Facebook профил, покрај контактите од телефонскиот именик, MarkO ги прикажува и нивните Facebook пријатели. Новата верзија нуди можност за комплетирање и листање на задачите директно од вашето почетно мени на телефонот – widgets и турска и шпанска локализација.

Зголемете ја вашата продуктивност и преземете ја MarkO од Play Store уште денеска.