Marriott планира отворање на најмалку 11 нови хотели во Турција во следните три години

29

hotelska-soba-pixabay

Фото: Pixabay

Хотелскиот бренд Marriott International планира да отвори над 11 хотели во Турција во следните три години, бидејќи ја гледа земјата како клучен пазар, пишува Хуријет.

Џон Лајсенс, потпретседател за премиум и селектирани брендови во Marriott за Европа, изјави дека групацијата има 26 хотели во Турција под 12 брендови.

“Во следните три години ќе отвориме најмалку 11 нови хотели во Турција. Ова го покажува нашиот интерес да расте и да се прошири на турскиот пазар и во Европа“, рече тој.

Marriott го купи Starwood, со што стана најголемиот светски синџир на хотели со над 30 хотелски брендови и понуда од над еден милион соби за сместување.