Mars Australia во производството ќе користи исклучиво извори на обновлива енергија

33

Еден од најголемите брендови во прехранбената индустрија, Mars, неодамна објави дека до 2020 година во својот производствен погон во Австралија ќе премине на користење на енергија исклучиво од обновливи извори, пишува Inhabitat. Ова се поклопува со генералната насока на компанијата за комплетно елиминирање на стакленичките гасови во своето производство до 2040 година.

За таа цел Mars потпиша договор за купување на компанијата Total Eren, која веќе има свои соларни проекти во Викторија и Нов Јужен Велс. Со тоа Mars ќе ги покрие потребите за енергија на своите шест фабрики и две продажни канцеларии во Австралија.

Потрошувачката на енергија на Mars е околу 100 гигават часови годишно, односно колку една мала земја, заради тоа и придонесот на овој проект за почиста животна средина нема да биде незабележителен.

Освен во Австралија производството на Mars со енергија од обновливи извори ќе се релизира и во производствените капацитети во Велика Британија, САД и уште 9 други земји.

Фото: Pixabay