Mars Trek: Мапа за виртуелна прошетка низ Марс

mars trek

NASA објави интерактивна мапа од црвената планета, преку којашто корисниците можат да ги истражуваат карактеристиките на Марс.

Станува збор за Mars Trek и е слична на Google Earth. На корисниците им овозможува да “шетаат“ низ црвената планета во 2D и 3D за да можат одблизу да ја запознаат топографијата на Марс.

Преку оваа мапа може и да се прави зумирање, мерење на оддалеченост од една до друга мапирана точка и следење на длабочината на кратерите на таа планета.