Marty – робот во впечатливи очи за подобро шопинг искуството во супермаркетите

14

Фото: Twitter

Marty е висок, бавен робот со впечатливи очи, којшто има задача да им биде од голема помош на вработените во големите супермаркети, пишува Washington Post.

Marty користи технологија на фотографирање за да сигнализира доколку има празнини на некоја од полиците во маркетот, како и да предупреди на некои скриени опасности, а главна цел е подобрување на шопинг искуството на купувачите.

Овој робот помина низ пилот фаза во неколку продавници во Пенсилванија, а синџирот маркети Giant food stores најави дека Marty ќе биде инсталиран во 172 нивни маркети во Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија и Западна Вирџинија.

За околу шест месеци се очекува да бидат распоредени околу 500 роботи во супермаркетите.