Машини на поранешен југословенски бренд продадени во Иран

85

Машините за шиење и пресите за пеглање што беа во сопственост на текстилниот бренд Мура од Словенија, наскоро ќе се најдат во производни погони во Иран.

Како се ближи крајот на стечајната постапка, што беше последна во низата обиди да се спаси она што преостана од модниот бренд, стечајниот управник Игор Бенчина вели дека скоро сето она што преостана од стечајната маса е претворено во готовина.

Индустриска опрема и машини, како најголем дел од стечајната маса, се продадени во Иран за 210.000 евра по неколку неуспешни аукции. На првата аукција бил побаран износ од 450.000 евра, но машините сега се пакуваат за транспорт во пристаништето Копер од каде што ќе патуваат за Иран.

Фото: Facebook