Фото: Pixabay
Вториот по големина синџир на супермаркети во Норвешка, Coop Norway, воведе машина за рециклирање на стари батерии, пишува Associated Press.
Потрошувачите кои ќе ги донесат старите батерии за рециклирање, ќе добијат попуст од 0,12 долари за купување на нови батерии.
Според Харалд Кристијансен, портпарол на Coop Norway, околу 2.500 батерии се собрани за три недели откако беа поставени вакви машини во три нивни супермаркети.