Машка vs женска пензија

33

Во текот на 2019 година, жените во Европската унија над 65 години имаат во просек 29% пониска пензија од мажите. Овој јаз меѓу пензиите на мажите и жените со текот на годините бележи намалување, па во 2010 година бил 34%, покажуваат податоците на Eurostat.

Најголема разлика меѓу пензиите има во Луксембург, каде што жени над 65 години примаат за 44% пониска пензија од мажите. Потоа следат: Малта и Холандија (по 40%), Кипар (39%), Австрија (37%) и Германија (36%).

Од друга страна, најмала разлика меѓу пензиите што ги примаат мажите и жените има во Естонија (2%), а по нејзе следат: Данска (7%), Унгарија (10%), Словачка (11%) и Чешка (13%).

Во Македонија во 2019 година, жените над 65 години примале пензија за 23,8% пониска од мажите. Овој процент има тенденција да опаѓа, па така во 2012-та година бил 32,1%, во 2013-та 34%, 2014-та 30,8%, 2015-та година 32,2%…

Од земјите во регионот, најголема разлика меѓу пензиите на мажите и жените има Хрватска со 27,6%, по што следат: Грција 24,1%, Бугарија и Србија по 22,8%, Црна Гора со 19,6% и Словенија со 16,4%.

Фото: Freepik