Маск доби безрезервна поддршка од властите во Германија

51

Германскиот министер за економија му ветил на основачот на Tesla, Илон Маск, дека властите ќе му ја дадат неопходната поддршка за да може фабриката во Берлин што е можно поскоро да почне со работа, пишува Блумберг.

“Горди сме на вашата фабрика за автомобили во Бранденбург и ви посакуваме многу среќа. Од нас ќе ја добиете секоја помош што ви е потребна“, рекол министерот Питер Алтмаер, на состанок со канцеларката Ангела Меркел и со Маск.

Сопственикот на Tesla од вторникот е во посета на Германија.

Инаку, фабриката што ја гради Маск во Берлин е прва негова фабрика во Европа, а би можела да вработи околу 12.000 луѓе кои ќе произведуваат по 500.000 автомобили годишно. Се очекува првите Tesla автомобили од фабриката во Берлин да се произведат следното лето.

Фото: Facebook