Маск ги исплаши инвеститорите

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, падна на најниско ниво во последниве три месеци.

Ова се случи откако инвеститорите почнаа да ја продаваат криптовалутата, откако шефот на Tesla, Илон Маск, за време на викендот навести дека производителот на автомобили размислува да продаде или веќе продал дел од своите биткоини.

Маск неколку пати ги охрабруваше пазарите на криптовалути со своите ентузијастички изјави на социјалните мрежи, но во последно време тој се “олади“ во врска со биткоинот во корист на dogecoin, пишува Ројтерс. Таа промена започна да ги плаши трговците.

Биткоинот денеска падна за повеќе од 9% на само 42.185 долари, што е најниска вредност од осми февруари.

Маск во средата објави дека Теsla може да престане да прифаќа биткоин, поради загриженост за природната средина, поради големата потрошувачка на енергија при обработката на трансакциите.

Фото: Facebook