Маск го губи оптимизмот, најавува откази: “Имам супер лошо чувство“

113

Откако извршниот директор на Tesla Inc., Илон Маск, побара од вработените преку е-пошта да се вратат на работа или да ја напуштат компанијата, најбогатиот човек на светот сега откри дека има „лошо чувство за економијата“.

Имено, извршниот директор на Tesla, всушност, изјави дека има „супер лошо чувство“ и дека сака да затвори околу 10% од работните места на пазарот на електрични возила – во тој мејл, насловен „Паузирајте ги сите вработувања низ светот“,(“Pause all hiring worldwide), увид имаше и Ројтерс.

Пораката, потсетува британската агенција, следела само два дена по најавата за враќање на работа. Тесла, инаку, вработува околу 100.000 луѓе (тоа се податоците од крајот на 2021 година).

Инаку, барањето на Маск да се вратат работниците на работа веќе е одбиено во Германија, каде компанијата има нова фабрика.