Mаск и Кубан твитнаа, а dogecoin скокна

97

Вредноста на криптовалутата dogecoin порасна 20%, на 32 центи, а ова сценарио е благодарение на Twitter, поточно, со твитови од Елон Маск и Марк Кубан. Лансиран како шега во 2013 година, dogecoin неодамна стана шестата криптовалута според пазарната вредност. Во моментов тежи скоро 42 милијарди долари, пишува CoinGecko.

Извршниот директор на Tesla еднаш го нарече dogecoin неговата “омилена“ крипто валута и “народна криптовалута“. Маск е поборник и на биткоинот, а неговата компанија за електрични автомобили собра криптовалути во вредност од скоро 2,5 милијарди долари.

Во средата, Маск твитна: “Dogefather SNL на 8 мај“. Ова е повикување на неговите чести твитови за dogecoin – за кои тврди дека се “само за забава“ – и на планираното појавување на Маск на “Saturday Night Live“ следната недела.

Но, Маск не беше единствениот кој твитна за dogecoin. Марк Кубан, сопственик на кошаркарскиот тим Далас Маверикс, во понеделникот, милијардерот претприемач и позната ТВ личност изјави дека неговиот тим во НБА е на пат да изврши 6.000 трансакции со dogecoin во април.

Фото: Twitter