Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин – домаќин на американското телевизиско шоу Saturday Night Live рекол дека има Аспергеров синдром.
Своето обраќање основачот на Tesla го искористил да се пошегува на своја сметка сметка, како и на својата фасцинираност од криптовалутата Dogecoin.
“Знам дека понекогаш објавувам чудни работи, но така функционира мојот мозок. Сите кои сум ги навредил, сакам да им порачам дека ги враќам во живот електричните автомобили и испраќам луѓе на Марс во ракета. Зарем мислите дека ќе бидам опуштен и нормален тип?“, рекол тој.
Инаку, Аспергеровиот синдром е состојба од аутистичен спектар којшто е поврзан со социјални потешкотии. Некои експерти предлагаат лицата со овој синдром да се вработуваат, бидејќи можат да остварат успех во технологија, претприемништво и други бизниси за кои се потребни аналитички вештини.
Маск не е првиот милијардер кој го водел шоуто, а пред него во таа улога биле поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, телевизиската ѕвезда, Опра Винфри и легендарниот кошаркар, Мајкл Џордан.
Фото: Twitter











