Сопственикот на Tesla, Илон Маск го сели седиштето на неговата компанија за производство електрични автомобили од Калифорнија во Тексас, пишува ВВС.
“Tesla веднаш го сели своето седиште во Тексас, Невада. Дали ќе продолжат производните активности во Фримонт, тоа ќе зависи од начинот на којшто Tesla ќе биде третиран во иднина. Tesla е последниот производител на автомобили во Калифорнија“, напиша Маск на Twitter.
Фабриката на Tesla во Калифорнија беше работно место за повеќе од 10.000 работници, а произведува околу 415.000 автомобили.
Tesla, исто така, ги суспендираше сите операции во фабриката во Кина.
Во првите три месеци од оваа година, компанијата на Маск работеше со добивка, а акциите забележаа пораст од околу 820 долари, но аналитичарите сметаат и Tesla ќе ги почувствува последиците од пандемијата врз своето работење.
Фото: Pixabay