Маск му се “налути“ на Гејтс

70

Основачот на Tesla, Илон Маск не е многу импресиониран поради една одлука на Бил Гејтс. Откако основачот на Microsoft изјави дека си купил електричен Porsche Taycan, Маск напиша порака на Twitter, пишува CNBC.

“Разговорите што имав со Гејтс беа разочарувачки (да бидам искрен)“, пишува Маск на Twitter.

Ова не е прв пат Маск јавно да ги повика некои од технолошките милијардери преку Twitter.

Тој во 2017-та година го оспори ставот на Марк Цукерберг околу вештачката интелигенција, наведувајќу дека “знаењето на шефот на Facebook на таа тема е ограничено“, наведува CNBC.

Фото: Facebook