Маск набави 1.255 респиратори од Кина

113

Основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, преку својот Twitter профил најави дека набавил 1.255 респиратори од Кина што треба да се пренесат во Лос Анџелес со цел да им се излезе во пресрет на болниците што третираат пациенти заразени о коронавирус, пишува Business Insider.

Според гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, државата очекува да прими 1.000 респиратори од компанијата Tesla, со оглед на тоа што САД се соочуваат со зголемен број на пациенти инфицирани од коронавирус.

Претходно, Маск беше повикан од јавноста во неговата фабрика да се почне со производство на респиратори за болниците.

Фото: Pixabay