Маск најави целосно автономно возило до крајот на годинава

59

Сопственикот на Tesla, Илон Маск изјави дека неговата компанија е многу блиску до петтото ниво на технологијата за самоуправувачко возење, односно управување со возилата без учество на возач.

Претприемачот повеќе пати даваше смели прогнози низ годините, ветувајќи најпрво целосно автономно возило во 2018 година, дури подоцна да го помести рокот до почетокот на 2020 година.

“Јас сум крајно убеден дека петтото ниво, односно суштината на потполно самоуправување, ќе стане реалност и мислам дека тоа ќе се случи многу наскоро… Сè уште сум убеден дека ќе ги завршиме основните функции за петтото ниво на автономија оваа година“, рече Маск во видео врската на отворањето на годинашната Светска конференција за вештачка интелигенција во Шангај.

Сепак, претставниците на автомобилската индустрија посочуваат дека ќе биде потребно повеќе време за да се постигне целосна подготвеност на оваа технологија, како и потполна доверба на јавноста во неа. 

Фото: Facebook