
Сопственикот на компанијата SpaceX Илон Маск денес објави дека следната година ќе подари по една акција од својата компанија на секое дете во Соединетите Американски Држави.
Во објава на неговата социјална мрежа X, Маск не даде детали за тоа како ќе се спроведува подарувањето акции.
Според Бирото за попис на населението на САД, на 1 јули 2025 година во САД живееле околу 72 милиони деца под 18 години.
Вредноста на акциите што Маск планира да ги дистрибуира, по цена од 146,03 долари по акција на затворањето на тргувањето во петок, би изнесувала вкупно околу 10,5 милијарди долари, објави CNBC.
Next year, I will give one of my SpaceX shares to every kid in America.
This will be the first of many.
— Elon Musk (@elonmusk) October 19, 2026
Маск поседувал околу 4,8 милијарди акции на SpaceX, според поднесеното барање до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) во август.
„Ова ќе биде првиот од многуте такви подароци“, додаде Маск на X, без да даде дополнителни детали.
Неговото соопштение дојде еден ден откако Антропик соопшти дека планира да издвои 5 проценти од своите акции за нов фонд од јавен интерес, со можност за дополнително зголемување на тој удел во зависност од вредноста на компанијата.









