Маск најавува најпаметна вештачка интелигенција досега

Компанијата xAI, предводена од Илон Маск, е подготвена за нов технолошки напредок – ќе го претстави Grok 3, својот најнапреден чет-бот со вештачка интелигенција.

Маск тврди дека Грок 3 е „најпаметната вештачка интелигенција во светот“ и ги истакнува нејзините исклучителни способности за расудување. Моделот, наведува тој, е обучен на синтетички податоци и е способен за саморефлексија – може да ги препознае сопствените грешки и да се прилагоди за да одржува логичка конзистентност.

Лансирањето на Grok 3 доаѓа во време на зголемена глобална конкуренција во секторот за вештачка интелигенција. Кинескиот стартап DeepSeek неодамна претстави поевтин модел кој може да се совпадне со ChatGPT на OpenAI во перформансите, што дополнително ја интензивира конкуренцијата на пазарот.

Покрај технолошките иновации, xAI е во преговори и за нова инвестиција вредна 10 милијарди долари, што би можело да ја зголеми вредноста на компанијата на дури 75 милијарди долари. Тие планираат да ги инвестираат овие средства во проширување на капацитетот на центрите за податоци и развој на нови модели за вештачка интелигенција. Според Ројтерс, фирмата на Маск неодамна собрала 6 милијарди долари, со што нејзината проценка достигна 40 милијарди долари.