Маск најавува револуција во транспортот: Тесла почнува да тестира роботски такси возила

„Тесла“ официјално доби одобрение да започне со тестирање на своите автономни роботски такси возила во американската држава Аризона.

Министерството за транспорт на Аризона потврди дека компанијата аплицирала за лиценца за услуга за споделување на возење со употреба на возила без возач во јуни, а сега пристигна дозволата за првите пробни периоди.

Тестовите ќе се одржат во пошироката област на Феникс, а Тесла изјави дека ќе воведе посебни безбедносни мерки за време на возењата. Сепак, точниот датум на почеток и времетраењето на пробниот период сè уште не се познати.

Извршниот директор на компанијата, Илон Маск, претходно објави дека целта на Тесла е да обезбеди автономна услуга за превоз за дури половина од населението на Соединетите Американски Држави до крајот на годината.

За потсетување, Тесла веќе спроведе мал тест во Остин, Тексас, каде што во јуни имаше десетина возила на улиците управувани од однапред избран број корисници. Аризона, сепак, треба да биде клучен чекор кон пошироко воведување на робо-такси услугата, пишува CNBC.

Фото: Printscreen Youtube