Маск нуди 100 милиони долари награда

83

Американскиот претприемач и милијардер, Илон Маск оваа недела понуди награда од 100 милиони долари на оној кој ќе изнајде начин за борба против климатските промени преку отстранување на емисијата на штетни гасови од атмосферата и океаните.

“Во овој момент имаме само една планета. Дури и да имаме 0,1% шанси за катастрофа, зошто да ризикуваме? Тоа е лудо“, изјави Маск.

Сопственикот на Tesla наградата од 100 милиони долари ја најави уште во јануари, но на Денот на планетата Земја ги објави условите за добивање на наградата. Натпреварот ќе трае четири години, сè до Денот на планетата Земја во 2025 година.

Неговиот проект веќе доби поддршка од старт – ап компании во Силиконската долина, како и јавни личности загрижени за влијанието на климатските промени, но и компании со што емитуваат голема количина на штетни гасови коишто се заинтересирани за нивното намалување.

“Мислам дека тоа е една од оние работи за кои треба време за да се пронајде правото решение“, рече Маск, кој стои зад натпреварот XPRIZE Carbon Removal.

Фото: Facebook