Маск нуди награда од 100 милиони долари

112

Шефот на Теsla, Илон Маск вети награда од 100 милиони долари награда за развој на најдобрата технологија за фаќање на емисиите на јаглерод диоксид.

“Донирам 100 милиони долари награда за најдобрата технологија за фаќање јаглерод“, напиша Маск, по што следеше втор твит во кој вети повеќе детали следната недела.

Фаќањето на емисиите кои ја загреваат планетата станува критичен дел на многу планови во борбата против климатските промени, но до денес е постигнат многу мал напредок во технологијата, со напорите насочени кон намалување на емисиите, а не на отстранување на јаглеродот од воздухот.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) порача на крајот на минатата година дека е потребен радикален пораст во примената на технологијата за фаќање на јаглеродот ако земјите сакаат да ги постигнат целите на нето емисиите на гасови на нула.

Фото: Facebook