Маск подготвува нов стартап за вештачка интелигенција

87

Шефот на Tesla и Twitter, Илон Маск, планира да лансира стартап за вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со OpenAI.

OpenAI е компанија која го произведе напредниот систем Chat GPT-4.

Според Financial Times, Маск веќе составува тим од експерти и инженери кои ќе работат на новиот проект.

Тој се здоби со илјадници процесори од корпорацијата Nvidia за овој стартап, пренесува Bloomberg.

Во 2015 година, Маск помогна во започнувањето на проектот OpenAI и служеше како копретседател на компанијата, заедно со сегашниот сопственик Сем Алтман.

Шефот на Tesla го напушти OpenAI во 2018 година и оттогаш почна да го критикува проектот, изразувајќи загриженост дека „експертите ја учат оваа програма да биде “woke“ и дека Microsoft „суштински го контролира“ OpenAI.

Алтман претходно изјави дека Маск „се чувствува многу загрижен за иднината на човештвото“.

Фото: Facebook