Маск повторно твитна, а вредноста на криптовалута скокна

83

Илон Маск повторно твитна за dogecoin. Овој пат, само еден негов збор влијаеше на зголемувањето на вредноста на оваа криптовалута за дури 25%.

Сопственикот на Tesla и SpaceX твитна “Буквално“ (Literally).

Во истиот твит има и меме од куче од расата Шиба – ину во вселенско одело, кое поставува знаме на кое пишува – WOW.

Десет минути подоцна, милијардерот повторно твитна  – “На вистинската месечина“ (On the actual moon).

Dodecoin моментално вреди 0,0551 долари, а вчера достигна цена од 0,0581 долари.

Ова не е првпат, твит на Маск да ја крене вредноста на dogecoin.Претходно Маск ја зголеми цената на дигиталната валута откако тој рече дека купил одредена сума на оваа валута за неговиот деветмесечен син X Æ A-Xii.

Dogecoin е создаден во 2014 година како пародија на популарното интернет-меме “Doge“, која вклучуваше слика на куче.

Фото: Twitter