Мултимилијардерот и најголем акционер на Tesla, Елон Маск сака да постигне невидена ефикасност. Со својата последна објава на Твитер, тој повторно предизвика поплава од коментари.
Имено, тој напиша дека сакал сервисот да биде завршен во истиот час кога возачот ќе го остави електричниот автомобил во работилницата. Маск како пример ги споменува тимовите на механичарите во Формула 1 кои се исклучително брзи во решавањето на сите проблеми.
Ова не е прв обид Tesla да се обиде да постигне висока ефикасност и брзина во услугите, потсетува „HAK“. Во 2015 година, компанијата го ангажираше Кени Хендкамер, ветеран во Ф1 и поранешен главен механичар на Ред Бул Рејсинг, како глобален директор за иновации во услугите. Хендкамер имплементираше брзи сервисни патеки инспирирани од Ф1 за да го намали времето на чекање. Сега целта очигледно е дополнително да се намали времето на сервисирање.
Фактот дека има електрични автомобили кои бараат многу помалку работа, исто така, му помага на Tesla да постигне поголема брзина на услугата.