Маск: Tesla најверојатно повторно ќе прифаќа биткоини

26

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla најверојатно повторно ќе прифаќа биткоини како средство за плаќање, откако ќе направил длабинска анализа на количината на обновливи извори на енергија користени за “рударење“ на таа валута, изјави основачот и директор на компанијата, Илон Маск.

Тој во мај предизвика пад на цената на биткоинот, кога рекол дека неговата компанија ќе престане да прифаќа криптовалути како средство за плаќање, бидејќи при “рударење“ на биткоините се трошат огромни количини на струја, што во најголем дел e произведена од фосилни горива, пренесува британски Гардијан.

Коментарите на Маск на една конференција предизвикаа скок од 8% на биткоинот, којшто достигна 32.160 долари.

“Сакав да се направи длабинска анализа за да се потврди процентот на употреба на обновливи извори најверојатно 50% или повеќе и дека постои тренд на зголемување на тој удел, а ако биде така, компанијата Tesla би продолжила да го прифаќа биткоинот“, рекол Маск.

Некои инвеститори во Tesla заедно со еколози стануваат сè погласни кон начинот на којшто се рудари биткоинот бидејќи се користат големи количини на струја произведена на традиционален начин.

Фото: Facebook