
Додека луѓето ширум светот се борат со постојано зголемување на трошоците за живот, а централните банки на најразвиените земји во западниот свет се обидуваат да ја зауздаат инфлацијата со зголемување на каматните стапки, најбогатите меѓу нас немаат такви проблеми.
Напротив.
Како што се приближува последниот квартал од 2023 година (крајот на септември), Илон Маск, Марк Цукерберг и Џеф Безос ја водат листата од 10 мегамилијардери кои забележаа најголем раст на богатството во текот на годината, поттикнат од добивките на берзата.
Според проценката на Business Insider врз основа на индексот на милијардери на Блумберг, првите 10 луѓе во 2023 година додале неверојатни 397 милијарди долари на нивното вкупно богатство од година до денес.
Маск го доживеа најголемиот скок во нето вредноста, зголемена од 99 милијарди долари на 236 милијарди долари, зацврстувајќи ја својата позиција како најбогат човек во светот. Тоа одговараше на порастот на цената на акциите на неговиот производител на електрични автомобили Тесла за 107%. Милијардерот поседува околу 13% од Tesla и има над 300 милиони опции кои можат да се искористат – како таков, неговото лично богатство е нераскинливо поврзано со перформансите на берзата на Тесла.
Цукерберг го зазеде второто место на листата на “најзаработувачи“, со неговото лично богатство зголемено од 61,9 милијарди долари на 108 милијарди долари. Зголемувањето беше поттикнато од годишното зголемување од 151% на акциите на неговата компанија, Мета Платформи.
Џеф Безос е трет, со плус од 46,5 милијарди долари.
На листата на најголеми победници во 2023 година се наоѓаат основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, Лери Елисон од Oracle, Џенсен Хуанг од Nvidia, поранешниот извршен директор на Microsoft Стив Балмер, Мајкл Дел и шпанскиот тајкун Амансио Ортега.
Интересно е што девет од 10 милијардери кои станале уште побогати се од технолошкиот сектор – што потврдува дека клучот за создавање богатство во 2023 година бил растот на технолошките акции, поттикнати од силниот интерес на инвеститорите за растот на вештачката интелигенција (ВИ).
Ортега, основачот на модната група Inditex, беше единствениот исклучок од ова.
Богатството на извршниот директор на Nvidia, Хуанг, се зголеми за 22,2 милијарди долари во 2023 година, бидејќи акциите на производителот на чипови се зголемија за 187%, надминувајќи ги сите други акции во индексот S&P 500.











