
Илон Маск објави дека сака да го смени логото на Твитер, твитувајќи: „Наскоро ќе се збогуваме со брендот Твитер и, постепено, со сите птици.
Во твит рано наутро во неделата, сопственикот на Твитер додаде: „Ако вечерва биде објавено доволно добро лого X, утре ќе го објавиме ширум светот“.
And soon we shall bid adieu to the twitter brand and, gradually, all the birds
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Маск не даде повеќе детали.
Инаку, пред еден месец Маск, ги потврди плановите за ребрендирање на својата социјална мрежа.
„Токму така“, напиша извршниот директор на Tesla на својот Твитер профил, коментирајќи ја веста објавена на Twitter Daily News дека буквата „X“ може да го замени сегашното име на социјалната мрежа, како и логото на сината птица.











