Маск верува дека доларот може да стане безвреден

13

Илон Маск предизвика бројни реакции поради најавата за големиот национален долг на Соединетите Американски Држави, а предупреди дека американскиот долар ќе стане безвреден доколку ништо не се преземе.
Како што објави The Blaze, националниот долг на САД е повеќе од 34 илјади милијарди долари.

„Мораме да направиме нешто во врска со нашиот национален долг или доларот нема да вреди ништо“, објави Маск на социјалната мрежа X.

„Само го кажувам очигледното“, додаде Маск подоцна.