Маск влегува во угостителскиот бизнис

109

Илон Маск најавува дека ќе влезе во бизнисот со угостителство, со oтворање ланец ресторани под името на брендот Тesla.

Компанијата Тesla поднесе барања за заштитни марки кои ги покриваат категориите “ресторански услуги, услуги за самопослужување ресторани и ресторански услуги за надвор“, што значи дека се однесуваат за сите видови угостителска понуда на храна и пијалаци, од класични ресторани сè до ресторани за брза храна и услуги за носење.

Ланецот ресторани на Тesla ќе биде украсен со голема буква Т од логото. За да бидат уште поинтересни за посетителите, рестораните на Тesla ќе бидат тематски дизајнирани и ќе имаат голем број технологии кои ја красат автомобилската компанија на Маск, па ќе може да се види дури и робот келнер.

Фото: Facebook