Маск воведува амнестија на Twitter, ги враќа суспендираните профили

63

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска објави дека дава „амнестија“ за суспендираните сметки. Објавата дојде откако тој објави анкета на Твитер за реактивирање на сметки кои „не го кршат законот или шират непријатен спам“. „За“ гласаа 72 отсто.

„Народот си го кажува своето. Амнестијата почнува следната недела.  Vox Populi, Vox Dei“, напиша Маск на Твитер, користејќи латинска фраза што значи „глас на народот, глас на Бога“.
Маск ја користеше истата латинска фраза откако објави слична анкета минатиот викенд пред повторно да го активира профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше забранет поради поттикнување немири во Капитол на 6 јануари 2021 година. Трамп рече дека нема да се врати на Твитер, но не го избриша својот профил.