Илон Маск, сопственик на Tesla, продаде една од своите куќи за 29 милиони долари.
Според Wall Street Journal, куќата што се наоѓа во Лос Анџелес, отсега ќе му припадне на кинескиот милијардер Вилијам Динг. Тој е основач и главен извршен директор на NetEase, компанија за онлајн игри.
Маск неодамна најави дека планира да продаде скоро сè што има од имот. Тогаш изјави дека не сака да биде сопственик на куќа или било каков недвижен имот.
Маск продава две куќи во Калифорнија. За две вили на Бел Ер во Лос Анџелес, милијардерот бара 39,5 милиони долари. Една од вилите некогаш му припаѓаше на славниот американски актер и комичар Џин Вајлдер. Маск го условува купувачот на таа вила дека не може да ја сруши ниту “вилата да ја изгуби душата“.
Фото: Facebook