Основачот на Tesla продава сè што има

491

Американскиот милијардер Илон Маск, основач и директор на компанијата Tesla, објави дека ќе продаде сè што има. Тој најави дека не сака да биде сопственик на ниедна куќа или недвижен имот.

Маск продава две куќи во Калифорнија. За две вили на Бел Ер во Лос Анџелес, милијардерот бара 39,5 милиони долари.

Една од вилите некогаш му припаѓаше на славниот американски актер и комичар Џин Вајлдер. Маск го условува купувачот на таа вила дека не може да ја сруши ниту “вилата да ја изгуби душата“.

Експертите за недвижнини велат дека Маск направил погрешен потег, бидејќи сега не е добро време да за продажба, а состојбата на пазарот на луксузни недвижнини се влоши како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Маск ги купи двете вили во 2012 и 2013 година за 24 милиони долари. Тие се дел од комплексот од пет куќи на Бел Ер што ги поседува овој милијардер. Пред две години, тој подигна хипотека на тие две вили во вредност од 61 милиони долари.

Основачот на Tesla го шокираше светот не само што објави дека ќе ги продаде сите негови недвижнини, туку и со тоа што објави дека акциите на неговата компанија се преценети.

Веднаш по објавувањето, цената на акциите на Tesla падна за скоро 12 %, за да се зголемат малку подоцна, така што дневниот пад беше 7%.

Сепак, бизнисот на Маск добро му оди од почетокот на годината. Вредноста на акциите на неговата компанија пораснаа за 68%, па неговото богатство изнесува 35,9 милијарди долари.

Фото: YouTube Printscreen