Маск за еден ден изгуби 16 милијарди долари

81

Основачот на компанијата Tesla, Илон Маск изгуби за еден ден 16 милијарди долари.

Кога Маск пред точно осум години даде збор дека ќе донира барем 50% од неговото богатство во добротворни организации, тој на својата сметка имал “само“ две милијарди долари.

Денесka има околу 82,3 милијарди долари, а драстичен пад се случи вчера, кога загуби 16 милијарди долари на ден, поради падот на акциите на Тesla. Тоа е, исто така, најголема загуба во историјата на индексот на милијардерите Bloomberg забележана за еден ден.

Основачот на компаниите SpaceX и Tesla моментално е 7-ми на листата на Forbes 400 nа најбогати Американци.

Во последните денови од август, благодарение на растот на акциите на Тesla, неговото богатство се зголеми на повеќе од 100 милијарди долари, а потоа на четврти септември падна на 87,9 милијарди.

Магазинот анализираше колку пари донирал Маск досега, а се проценува дека тој дал околу 100 милиони долари во добротворни цели, што е ситница за него, бидејќи дал помалку од 1% од неговото нето богатство.
Фото: Facebook