Ванг Жијун од Кина дизајнира маски за лице против смог, користејќи патики од познати брендови. Страствениот тркач Ванг сфатил дека проблемот со загадениот воздух е неподнослив и за две години креирал 20 уникатни маски за лице против смогот, пишува Gma News.
Неговите маски, како што вели тој, се уметничко дело со кое го изразува својот протест против загадувањето на животната средина, а не средство за заработувачка. Истовремено, тој сака да ја подигне свеста кај другите за заштита на животната средина.
“Сакав да дизајнирам нешто корисно за мене и за другите. Тука има филозофија, но и практика“, вели Ванг.
Иако ниеден стручен институт не ги тестирал неговите маски, Ванг верува дека функционираат. Во креирањето на маските користи филтер од британскиот бренд Respro, а за претворањето на патиките во маски против загадениот воздух потребни му се пет дена.